ОВА ГИ ЗАСЕГА СИТЕ: УХМР излезе со прогноза какво лето се очекува
Објавено во: Македонија 03 Јуни, 2025 18:14
Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека летово се очекува да биде значително потопло и посушно.
Во Македонија постои многу голема веројатност дека температурите ќе ги надминат многугодишните просечни вредности. Надминувањето може да достигне и до 3 степени Целзиусови речиси на целата територија. Најголемо позитивно отстапување на температурата на воздухот од повеќегодишните просеци за оваа сезона се очекува да биде во јули.
„Несигурноста кај регионалните предвидувања за врнежите е секогаш поголема во однос на температурата. Се очекува целиот југоисточен регион на Европа да има врнежи под просечните. Во Македонија најголемо негативно отстапување на врнежите за оваа сезона се очекува да биде во јули. Во планинските делови постои голема веројатност дека просечните врнежи ќе бидат надминати, поради епизоди на засилена конвекција и појава на обилни врнежи“, се вели во соопштението.
Според многугодишниот просек (1991-2020) температурата на воздухот во Скопје за јуни, јули и август изнесува 22,2°, 24,7° и 24,6° Ц. Просечната количина на врнежи во Скопје за јуни изнесува 47,6 милиметри, за јули 34,1 и за август 37,4 милиметри дожд на метар квадратен.Можеби ќе ве интересира
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово




