Ова не се пропушта: Голема финална распродажба во Скопје Сити Мол
Објавено во: Мои пари 21 Август, 2015
Шетајќи низ Скопје Сити Мол, на овие летни горештини она што разладува се неверојатно ниските цени на брендирана гардероба, обувки, ташни, козметика, накит и се’ она по што секој копнее и го посакува, а може да се најде на едно место.
Она што мора да се види овие денови е големата распродажба која што е во тек, а е за сечиј џеб и вкус.
Во Скопје се следат светските трендови. Реални попусти не само на аутлет парчиња, туку и на производи од претходната, како и од актуелната сезона.
Не може да се остане рамнодушен на над 135-те светски бренда вклучени во оваа голема финална распродажба која што се случува во Скопје Сити Мол.
Реален попуст, сите омилени парчиња сега се достапни до -70% намаление. Задолжително мора да се прошета, види и одбере омиленото парче кое сега е подостапно од било кога.
Производите на Bata, Swarovski, Timberland, Lacoste- Nautica, Adams Shoes, Cotton, Fashion & Friends, Waikiki, Sport Vision и многу други може да се купат по реални и ниски цени.
За каква распродажба станува збор доказ се следните примери: Bebe Home било 17.490 денари, а сега може да се купи за 13.992, или парфем од Шатци чинел 4250 денари, а сега е 2.125 денари.
Во Скопје Сити Мол, освен актуелната голема распродажба, пристигнати се и есенските колекции, така што изборот е многу голем.
Скопје Сити Мол, се’ што сакам од попусти!