05 Мај, 2024
0.0270

ОВА НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО ЧОВЕКОТ ШТО БЕШЕ ИЗБРАН, НО ПРОЦЕСОТ БЕШЕ ЗБУНУВАЧКИ - Агелер јасно кажа што мисли за новиот шеф на ОЈО ГОК

Објавено во: Македонија 07 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер синоќа во телевизиско гостување ја повтори оценката дека процесот за избор на шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција бил збунувачки за Вашингтон, потенцирајќи дека „корупцијата очигледно е најголемиот предизвик со кој се соочува Северна Македонија“.

– Го гледав како збунувачки кога се случи и сѐ уште го гледам така. Премногу работи не беа одговорени. Ова нема никаква врска со човекот што беше избран, ова има врска со процесот, процесот служи за да се изгради таа доверба, што сега е осум проценти во правосудството, а треба да биде најмалку двоцифрена бројка. Јас не знам што точно се случило, не можам да прејудицирам каков бил процесот, но тој отвора љубопитност, рече Агелер во интервју за телевизија „Сител”.

Таа, осврнувајќи се на корупцијата, рече дека нејзиното мислење е рефлексија на „она што го кажуваат луѓето во оваа земја“ – дека корупцијата е очигледно најголемиот предизвик со кој се соочува земјава.

- И особено како што се движи кон Европската Унија, како што се движи кон полноправна членка на европското семејство, за да ги спроведе реформите и да се отвори за инвестиции, коишто мислам дека треба да се видат, да се отвори за странски туризам, за целосна интеграција во европската заедница, јас верувам дека тоа ќе бара сериозно адресирање на проблемот со корупцијата, потенцираше Агелер.

Амбасадорката потсети дека корупција не е само поткупот, туку таа се јавува во многу форми.

- Како што патувам низ земјава и зборувам со обични луѓе, тие зборуваат за корупција секогаш кога треба да посетат лекар, секогаш кога работат, секогаш кога нивното дете треба да се запише во некое училиште. Искрено, корупцијата доведе до она што јас мислам дека е вистинска катастрофа за оваа земја и што толку голем број млади луѓе не сакат да останат, рече Агелер.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува