Ова се најскапи градови за вработување и сместување
Објавено во: Економија 21 Април, 2017
Најскап град во Европа ако се споредат трошоците за сместување и вработување на еден човек е Лондон.
Ова го покажуваат податоците на консултантската компанија Savills.
За сместување во Лондон годишно на еден вработен му требаат 61.329 евра, а за работно место 24.000 евра. Двете работи заедно чинат 85.329 евра.
На второ место е Париз со 60.580 евра трошок за сместување на годишно ниво и 11.598 за работно место, или 72.178 евра вкупно.
Трет град е Милано во Италија со вкупен трошок во износ од 48.844 евра, односно нешто помалку од 36.800 евра за домување и над 12.000 евра за работно место.
На листата на скапи градови се и Даблин, Амстердам, Москва, Брисел, Стокхолм, Мадрид, Франкфурт, Берлин и Варшава.