ОВА ВЕЌЕ НЕ Е ЧУДО: Инфлацијата е 1.300.000 проценти
Објавено во: Економија 11 Декември, 2018
Во ноември во Венецуела инфлацијата е 1.300.000 проценти.
Земјата сега се бори со најголемата криза досега.
Во последното тримесечје на месечно ниво инфлацијата успорува.
Во ноември падна на 144 проценти, во однос на 148 претходниот месец, односно 233 проценти во септември.
Според Меѓународниот монетарен фонд, во 2019 година инфлацијата ќе биде 10 милиони проценти. Проблемите кои сега ги има Венецуела можат да се споредат со оние на Германија во 1923 година, или онаа криза во Зимбабве од деведесетите.