Оваа земја објави водич за заштита од терористички напади
Објавено во: Свет 20 Август, 2017
Објавен е водич за спречување терористички напади со возила на јавни простори.
Ваков водич денеска промовираше Австралија.
Водичот е наменет за организаторите на масовните настани и за локалните власти. И дава совети за процена на чувствителноста на поедини пунктови, вклучително и за напади со автомобили врз минувачи, како и подобрување на заштитата.
Владата на Австралија порачала извештај за мерките на претпазливост кои треба да се преземат по нападот со камион во југоисточниот француски град Ница, кога на 14 јули 2016 година беа убиени 86 луѓе.
„Како што видовме во трагичните настани во Барселона, Лондон, Париз и Берлин, на терористите цел им се посетените места“- изјави австралискиот премиер, Малколм Турбул.
Меѓу споменатите мерки се споменуваат поставувањето препреки, камери, стебла, статуи, како и присуство на персонал оспособен за итна реакција.
„Може да се поставуваат бетонски коцки, клупи, уметнички дела, скалила, жардиниери. Сето тоа може да биде многу дискретно“- изјавил австралискиот премиер.
Во последниот напад во четвртокот во Барселона загинаа 14 луѓе, а стотина беа повредени.
Во Европа имаше повеќе напади во кои исламисти со камиони газеа луѓе.