02 Мај, 2024
0.0254

ОВАА ЗЕМЈА ПОВИКУВА 30.000 РАБОТНИЦИ: На ски центри плати до 2000 евра, работа и за други професии!

Објавено во: Финансии 30 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Кон австриските ски центри за некоја недела нема да тргнат само илјадници скијачи-туку и работници. Според некои информации, Австрија бара дури триесет илјади работници за претстојната скијачка сезона, а со оглед на тоа дека ни е близу, на дело е и нова генерација гастербајтери.

На оние кои знаат германски им се смее шанса, па ако немаат работа, не треба да губат време дома.

Дозвола за три недели

-Најмногу се барани готвачи, келнери и собарки. Главен услов е добро познавање на германски јазик бидејќи се во постојан контакт со гости а за готвачи се бараат стручни квалификации-препораки и искуство. 

„Ние за нашите бизнис партнери собираме биографии од кандидатите, правиме селекција со оглед на работната сила која ја бара работодавачот, а тој донесува конечна одлука кој од кандидатот ќе го вработи“, вели Александра Бертелт од фирмата „Euro Career” од Пула, која се занимава со посредништво во вработување, и истакнува дека интересот за работа во Австрија е огромен.

Има толку голем потенцијал на кандидати за работа, да речиси и не треба да ги рекламираат своите услуги, бидејќи добриот глас се слуша надалеку, вели таа.

Интересно е дека работодавците обезбедуваат сместување во еднокреветни или повеќекреветни соби и храна, така да сите трошоци на работниците кои се одлучат да ја поминат зимата на австриските ски центри-се минимални. 

Платите на готвачот зависат од многу работи: колективен договор кој е на сила, висина на саатница, ноќна или работа на празници... , а се движат од 1 400 до 1 850 евра, додека келнерите во просек се платени 1 350 евра како и собарките.

Во Слацбург , Тирол и Ворарлберг во зима се бараат од 3 000 до 3 500 угостителски работници повеќе отколку во летните месеци. Единствената пречка за оние кои сакаат да за(работат) а ги задоволуваат условите на конкурсот е работната дозвола.

Меѓутоа, ако работодавецот е навистина заинтересиран за врабoтување на работници-работната дозвола се добива во рок од три недели, секако, ако на австриската берза на труд не постои невработен работник со исти квалификации,бидејќи тој има предност при вработување во однос на странци. 

Најмногу заинтересирани за работа во Австрија има меѓу сезонците кои налето ја одработат својата работа на Јадранот, а потоа сакаат да продолжат со истата работа и во зима бидејќи за тоа се обучени. 

Големи странски ланци исто така практикуваат работната сила која на лето им работи во хотелите на Јадранот, да ја преселат во Австрија, па кога сопствениците ги затворат одморалиштата на бреговите, работниците заминуваат во Алпите да ги подготвуваат зимските одморалишта за доаѓање на првите скијачи. Огласите за вработување на работна сила во Австрија се често и на страниците на ХЗЗО.

Олеснителна околност за многу работници од Балканот кои сакаат да добијат работа во странство е тоа што при посредувањето на се плаќа, бидејќи лиценцирањето на агенции како “Euro Careera” од Пула, своите услуги ги наплаќаат директно од работодавецот.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци