Оваа земја сака да стане дел од САД
Објавено во: Свет 12 Јуни, 2017
Една земја бара да биде дел од САД.
Една од причините да не стане 51 американска држава се економските проблеми. Долгот на островот изнесува околу 70 милијарди долари.
Жителите на Порторико побараа државата да стане 51 сојузна држава на САД на референдумот за статусот на карипскиот остров потонат во долгови, кој има незадолжителен карактер, јави ДПА.
Гласачите требаше да избираат меѓу три можности, независност, целосно членство во составот на САД или задржување на сегашното статус кво, кое датира од 1898 година.
Резултатот од референдумот нема правно-обврзувачки карактер, затоа што само американскиот Конгрес има право да го менува статусот на Порторико.
По пребројуавње на 92% од гласовите, 97,2% од гласачите се изјасниле за приклучување кон САД. Одѕивот беше низок, едвај 23% од 2,3 милиони регистрирани избирачи се појавија на гласачките места, откако опозицијата повика на бојкот.
Жителите на островот на кој се говори шпански, се граѓани на САД, но имаат ограничени избирачки права и претставување во Конгресот.
Тие не можат да гласаат на претседателските избори и делегацијата во Конгресот во Вашингтон нема право да учествува во гласањата. Тие можат слободно да патуваат во САД и да служат во армијата.