Oвие професии се најбарани во Русија
Објавено во: Финансии 15 Февруари, 2019
Во 49 региони во Русија се бараат возачи, во 38 се бараат готвачи, медицински сестри во 31 регион, продавачи во 29 и ИТ стручњаци во 27 региони.
Се бараат и лекари, во 22 области, шивачи во 21, инженери во 19 и механичари во 18 области, исто како и заварувачи.
На секои шест понудени работни места, во просек доаѓа по еден невработен со искуство.
Се бараат квалификувани, но и работници со средно образование.
Овој список на професии кои се бараат во Русија го направија тим од експерти.