09 Октомври, 2024
0.0309

Овој аеродром во Лас Вегас им дозволува на луѓето да ја исфрлат својата марихуана пред да летаат

Објавено во: Стил 24 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Што се случува во Лас Вегас навистина може да остане во Лас Вегас.
Туристите кои фаќаат лет од Вегас сега можат да ги остават остатоците од својата легална марихуана во метални контејнери кои се поставени на аеродромот.

10 зелени канти наречени "кутии за складирање" ги спречуваат федералните агенти за транспорт да пронајдат марихуана кај патниците за време на безбедносните проверки. Марихуаната е легалена во Невада, но сепак е забранета од страна на Владата на САД.

Кутиите беа поставени минатата недела, откако округот издаде забрана за поседување и рекламирање на марихуана на меѓународниот аеродром „McCarran“, со цел да се задржат во согласност со федералниот закон. Тие се поставени пред аеродромот и во нив може да се остави марихуаната, но не и да се земе.

„Кутиите се поставени за да им се помогне на луѓето да се усогласат со оваа уредба", изјави портпаролот на аеродромот Кристин Круз

Вакви кутии патниците можеби виделе и предходно на аеродромите во Колорадо, каде што рекреативната марихуана е исто така легална.
Кутиите неколку пати неделно ќе бидат испразнети и исчистени од страна на посебен изведувач, а не од страна на полицијата. Планирано е да бидат поставени 20 вакви кутии.

Легална продажба на рекреативната марихуана започна во државата на 1 јули и ги надмина очекувањата.  Конзумирањето на марихуаната е забрането на јавните места, но сите лица кои се постари од 21 година и имаат валидна лична карта можат да купат марихуана  за домашна употреба.