Овој човек е ѕвезда на дочекот во Загреб, еве зошто
Објавено во: Балкан 16 Јули, 2018
Познатиот хрватски тренер, Мирослав Чиро Блажевиќ, човекот кој го направи првиот голем успех со Хрватска пред дваесет години со освојувањето на „бронзата“ на СП во Франција попладнево е главна ѕвезда во Загреб на дочекот.
Навивачи во центарот на Загреб не ја пропуштија шансата да направат селфи со него. Тој имаше една извонредна генерација и ќе остане запаметен по првиот голем успех со „коцкестите“.
Инаку, Хрватска заврши второпласирана на Мундијалот во Русија, зад Франција од која изгуби со 4: 2.
Oва е голем успех за земјата, и затоа се слави во Загреб.