ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога
Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2025
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупцијата (ОЈО ГОКК) потврди дека се лишени од слобода повеќе лица кои се дел од криминална група што се занимава со продажба на дрога.
Оттаму додаваат дека попладнево на повеќе локации се вршат претреси.
„По наредба на обвинител од ОЈО ГОКК во моментов се вршат претреси на повеќе локации. Има повеќе лица кои се лишени од слобода. Може да потврдиме дека станува збор за криминална група што се занимава со продажба на дрога“,се вели во информацијата од ОЈО ГОКК.
Повеќе информации од ОЈО ГОКК најавија дека ќе има во текот на утрешниот ден. Оваа информација доаѓа откако претходно од Министерството за внатрешни работи потврдија дека денеска е уапсен Раде Трајковски-Штекли кој е осомничен за трговија на дрога и тој наводно предводел група од над десет члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства. Информациите што веќе се шират во јавноста, а за кои од МВР и од ОЈО ГОКК нема потврда, се дека Штекли е уапсен при обид за бегство во близина на хотел во околината на Гевгелија.