ПАД НА БИТКОИНОТ: Колку вреди сега?
Објавено во: Економија 16 Август, 2019
Биткоинот е на двенеделен минимум, под 10.000 долари.
Најпознатата светска дигитална валута, биткоин, продолжи да ја губи вредноста, откако завчера го регистрираше најлошиот дневен пад во месецот.
Биткоинот ослабе за 5,5 проценти, откако претходниот ден падна за дури 7,7 проценти, спуштајќи се под 10.000 американски долари за прв пат од 1 август.