27 Април, 2024
0.0287

Пад на денарските депозити кај граѓаните

Објавено во: Финансии 23 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Вкупните депозити на домаќинствата во јуни остварија месечен раст од 0,3% којшто се должи на депозитите во странска валута, при минимален пад на денарските депозити. 

Анализирано на годишна основа, растот изнесува 7,9%, со речиси подеднакво учество на депозитите во денари и депозитите во странска валута, соопшти Народната банка. 

Во јуни кај вкупните кредити на домаќинствата е забележан раст на месечна и годишна основа од 1,0% и 9,7%, соодветно. 

Од аспект на валутната структура, зголеменото кредитирање на домаќинствата во поголем дел е резултат на растот на кредитите одобрени во денари (68,6% и 62,4%, соодветно). 

Вкупните депозити на корпоративниот сектор остварија месечен и годишен раст од 2,3% и 12,7%, соодветно, покажуваат најновите податоци на Народната банка за монетарните движења во јуни, годинава. „Нагорната месечна промена главно се должи на зголемувањето кај краткорочните депозити во странска валута (придонес кон растот од 77,0%), а годишниот раст произлегува од зголемените депозитни пари и краткорочни депозити во странска валута, при пад на краткорочните денарски депозити“, соопшти НБРМ.

Во јуни, кредитите на корпоративниот сектор се зголемени за 0,8% на месечна основа, во услови на речиси подеднаков придонес кон растот на кредитирањето во денари и во странска валута. На годишна основа е забележан раст на кредитната активност од 2,9%, што во услови на намалено кредитирање во странска валута, целосно е резултат на зголеменото денарско кредитирање.

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат