Пад на продажбата на автомобили: Каде има најголемо намалување?
Објавено во: Економија 30 Јули, 2019
Во првата половина од тековната година е
забележан пад на продажбата на автообили во светот. Во однос на истиот период
лани со 7,1 отсто е намалена продажбата на патнички возила.
Оваа година е забележан пад на продажбата на автомобили во Европа за 3,1 отсто, додека во Кина е забележана помала продажна за 14 проценти, во однос на истиот период од минатата година.
Според ВДА и АЦЕА раст на продажбата на автомобили е забележан само во Бразил.
Исто така, е регитриран голем пад на продажбата и во Индија за 10,3 проценти.
Побарувачката на автомобили во првата половина годинава е забележана и во САД, Русија, Јапонија и во други земји.
Во најстариот континент според ВДА и АЦЕА е забележан раст на продажбата само во Романија и Литванија.