ПАДНА ДОГОВОР: Ако имате пасош од оваа балканска земја од понеделник може да патувате во Канада без виза
Објавено во: Балкан 03 Мај, 2017
Европската унија ја исклучи денес можноста за воведување виза на државјаните на САД и Канада, а комесарот на ЕУ за миграција Димитрис Аврамополус вели дека е постигнат напредок во преговорите со Вашингтон и Отава за патувања без виза во САД и Канада за граѓаните на пет земји членки на Унијата.
Граѓаните на Бугарија, Хрватска, Кипар, Полска и Романија за да влезат во САД им треба виза, додека во Канада на сила се визни ограничувања за Бугарите и Романците.
Европскиот парламент во март ја повика Европската комисија, во знак на одмазда да им воведе на американските државјани визи за влез во земјите на ЕУ.
Меѓутоа, Аврамополус денес изјавил дека во преговорите со САД и Канада за визниот режим е постигнат напредок, истакнувајќи дека „ЕУ секогаш избира ангажирање, посветеност и стрплива дипломатија, наместо било каков облик на еднострана одмазда“.
„Тоа е во заеднички интерес на државјаните на ЕУ и државјаните на САД во овој случај“, рекол европскиот комесар.
Кога се работи за Канада, Аврамополус наведува дека таа земја му дозволила на „значаен број Бугари и Романци да влезат на нејзина територија без виза од понеделник после „континуирани дипломатски напори“.