„Падна“ договор меѓу Заев и БЕСА
Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2019
Премиерот Зоран Заев и лидерот на БЕСА, Билал Касами се договорија за двата пратенички гласа на БЕСА.
Пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов попладнево изјави дека е постогнат договор со БЕСА, со што е обезбедено парламентарно мнозинство за уставните измени.
Костадинов не сакаше да изнесува детали што точно е договорено.
Во Собранието треба да почне седницата за уставните измени.