18 Мај, 2024
0.0325

ПАДНА ПРВАТА ПРИЈАВА ЗА ГРУПНАТА ПРОСЛАВА И СЛИКАЊЕТО БЕЗ МАСКИ - Марјан Ненов прашува дали законот е еднаков за сите

Објавено во: Македонија 06 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Марјан Ненов, претседател на граѓанското здружение Но пасаран, вчера поднесе групна пријава против функционерите на ДУИ кои се сликаа без маски во просториите на Министерството за политички систем, кршејќи ги на тој начин протоколите за заштита на здравјето на граѓаните. 

Тој ова го објави на својот фејсбук профил, објавувајќи и фотографија од групната пријава. 

Ненов откри и дека самиот лично бил казнет од МВР за неносење маска во сопствено возило, објавувајќи и уплатница од казната, и затоа, како што вели, сака да спореди колку законите важат подеднакво за сите, односно дали како што се казнуваат обичните граѓани, ќе се казнат и високите функционери на ДУИ. 

„Денес го послушав повикот за кодошење на нашиот драг Министер и пријавив групна прослава во МВР. 

Целта ми е да го проверам спроведувањето на Законот - дали се врши селективно и дали државните органи ќе реагираат професионално или дискриминирачки. 

Ќе споредам како обичен човек може да биде казнет за неносење на маска во своето возило, а од друга страна дали КРИВИЧНО прекршување на ЗАКОН од страна на 15 уфирцани господа кје биде процесуирано од МВР и Јавно Обвинителство.

Доколку имате дополнителни информации за инцидентот Ве молам проследете ги до Јавно Обвинителство и МВР да ги прикачаат кон предметот 22.21.62-12 или поднесете своја независна Кривична пријава.

Од вас зависи дали ќе живеете во држава или бљувотина.

Ваш Ненов Кодош Марјан“, напиша Ненов на својот фејсбук профил.

Оваа негова пријава наиде на одобрување од голем број граѓани кои со одобрување реагираат на неговиот пост.

Од Инспекцискиот совет вчера рекоа дека ќе реагираат по сите пријави од граѓаните за случаи за групирање, и дека нема да има селективност.

Инаку, фотографијата за групното сликање без маски, која прво ја објави министерот Бујар Османи, а потоа ја избриша, наиде на силни реакции на социјалните мрежи, по што тие се правдаа дека тоа било само мал момент во кој погрешиле, сакајќи да го изненадат лидерот Али Ахмети за неговиот роденден.

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање