Добивај вести на Viber
Министерството за внатрешни работи информира дека се приведени четири лица во Крушево за непочитување на забраната за движење во шуми
„На 06.08.2021 во 21.00 часот, на место викано „Орлов Камен“, на патот за с.Бирино, крушевско, полициски службеници од Полициската станица Крушево ги лишиле од слобода М.К.(20), Ф.М.(24), Б.К.(26) и А.М.(19), сите од село Врбоец, крушевско, затоа што биле затекнати со патничко возило во шумски предел, односно затоа што не ја почитувале целосната забрана на движење во шуми“, информираат од полицијата.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени записници за прекршок „движење во шума за време на целосна забрана“.