Паѓа снег на повеќе места во Македонија
Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2019
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, а со послаб интензитет во Маврово, Крушево и на планинските превои Стража и Буково. На патниот правец Крива Паланка – г.п. Ќафасан врнежите се од дожд и снег, информираат од Авто мото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
Намалена видливост поради појава на магла од 20 -50 метри има на планинскиот превој Стража“, велат од АМСМ.
Засега нема никакви забрани по патиштата во Македонија, но од АМСМ апелираат на внимателно возење затоа што сообраќајот се одвива главно по влажни коловози, а на некои места има и снег. На превојот Стража има намалена видливост поради магла.