„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

Објавено во: Економија, Македонија 16 Јануари, 2025
Измените на Законот за јавни набавки поттикнаа нов бран критики од опозициската партија „Левица“. Од партијата обвинуваат за измени чија цел е полесно и легално трошење пари низ тендерски постапки за компаниите кои се блиски до владејачката колацијата.
- Борбата против корупција на ДПМНЕ и ЗНАМ остана предизборна фарса! Измените во Законот за јавни набавки стигнаа на второ читање, а целта е едноставна - нетранспарентно, без одговорност и контролни механизми, функционерите на алчната власт да можат да ги трошат народните пари легално преку тендерски постапки на фирми блиски до власта - се вели во соопштението на „Левица“ испратено до медиумите.
Од партијата посочуваат дека последици од ова тоталитарно законско решение се:
- Укинување механизмот за управна контрола кој е во надлежност на Бирото за јавни набавки;
- Елиминирањето на административните контроли и контролите на тендерските документации;
- Се истиснува и улогата на министерот за финансии, односно истиот нема да има обврска подетално да го пропишува начинот на избор на постапки кои ќе будат предмет на административна проверка;
- Разрешување на сите членови на Државната комисија за жалби;
- Укинување на механизмот за управна контрола кој е во надлежност на Бирото за јавни набавки;
- Целосно намалување на транспарентноста на тендерските постапки и овозможување договори во четири очи.
- Овој груевистички закон, се донесува пред распределбата на „унгарската милијарда“. Што значи, дека за задоволување на апетитите на сопствената елита, власта, не само што го троши парите на граѓаните, туку ќе троши и пари кои во иднина ќе ги отплаќа македонскиот народ. Праксата на нечесно расфрлање народни пари, без транспарентни постапки веќе гледаме како ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја спроведува во случаите со „Бехтел и Енка“ и компанијата „Топлина“, некогаш подизведувач на „Марковски“ - потенцираат од „Левица“.
Притоа додаваат дека ставовите и критиките на Левица по овој закон, ги дели и Европската унија, чии претставници, како што посочуваат од партијата, овој закон го окарактеризираа како враќање назад од реформскиот пат.
- Граѓанскиот сектор и Антикорупциската комисија исто така потврдуваат дека законот е апла коруптивен во својата срж. Пратениците на Левица најавуваат жестока борба против воведувањето на груевистички закони, кои мицковистите го спроведуваат по диктат на финансиерите на нивните партии - се истакнува во соопштението на „Левица“.
Можеби ќе ве интересира
РУСКИОТ ПАЗАР „ЕКСПЛОДИРАШЕ“ ПО РАЗГОВОРОТ НА ТРАМП И ПУТИН: Геополитичкиот земјотрес веднаш се прошири и во економијата

НЕМА САМО ДРЖАВНА ПЛАТА И СИГУРНОСТ, ЌЕ ИМА И ГОЛЕМА ОДГОВОРНОСТ - кога ќе може да „настрадаат“ административните службеници

САМО „ПУЦКО ПЕТРОЛ“ ИМА „СТОМАК“ ЗА ЈСП СКОПЈЕ! Зошто никој друг не се јавил на тендерот за набавка на дизел вреден 27 милиони евра?

Може ли државата со 10 милиони евра за станови да им се спротистави на ненаситните инвеститори?

ДРЖАВНИ СУПЕРМАРКЕТИ КОИ ЌЕ РАБОТАТ СО ФИКСНА МАРЖА ОД 10 ПРОЦЕНТИ: Д-р Беќаровски со интересен предлог за отворање Народни Магазини

DEEP SEEK ИМ ДАВА ПРЕДНОСТ НА КИНЕСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ЧИПОВИ: Трката за поевтина вештачка интелегенција е реална

Ѓорѓи Петрушев во „Бизнис-клуб“: „Националниот совет за извоз ќе помогне во едукацијата на компаниите и во нивните напори за извоз“

ПО НАЈАВАТА НА ТРАМП ДЕКА ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ПУТИН: Се зголеми вредноста на еврото

Средба Божиновска - ЗЕЛС: Струјата не смее да биде луксуз, jавните институции нема да останат сами во борбата со високите сметки
