08 Мај, 2024
0.1056

(ПАК ТИ СТАНИ) ПРЕТСЕДАТЕЛИ

Објавено во: Македонија 27 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Веќе е дегутантно да говориме за привилегиите на поранешните претседатели на Републиката. Ете, и Државната комисија за спречување на корупцијата, поднесе претставка со која треба да се разгледа овој закон, со кој им се даваат неверојатно поволни и материјални привилегии на поранешни претседатели и нивните фамилии. Зарем  му е дојдено до тие околу илјада и петстотини евра ( 1.500) на поранешниот претседател, кој во три наврати, т.е во три мандати беше воедно и премиер на Македонија. За другиот, кој немаше образ и смелост да се врати на катедрата на Јустинијан 1, каде што нели беше „ најомилениот професор меѓу студентите“, десетгодишното  претседателствување веројатно претставува можност, денеска истиот да капарисува станови на „ Водно“, и тоа од најмалку 100 квадрати, станбен простор. Македонија античка и вечна, ама становите нови и со здравје да се служат. Платите за шофер, секретарка, и службени  простории и не треба да се коментираат, ами веднаш да се укинат. Кога веќе се користат простории, зошто законски не се обврзани поранешните претседатели да даваат институционален отчет, што тоа сработиле, и на што отишле одвоените буџетски средства- пари од даночните обврзници.

Ѓон образ!

Нели им е срам, што биле претседатели на држава и на граѓани , кои според сите релевантни мерливи параметри се на дното на европскиот континент по индекс на благостостојба, со највисока невработеност, голема сиромаштија и низок  животен стандарт? Точно, компаративните искуства од соседството, па и на светско ниво, ни покажуваат дека сите поранешни претседатели уживаат одреден степен на привилегии, имаат претседателска пензија, но никаде или скоро никаде во демократскиот свет не е познато, претседателите по завршувањето на својата функција, доживотно да бидат приматели на пензија, во вредност на платата која ја примале додека ја извршувале функцијата. Овој закон е расипнички, деградирачки, срамен и понижувачки за сите граѓани на Македонија и за целата држава како меѓународен субјект. Неколку пати, актуелниот претседател на Македонија Стево Пендаровски  има потенцирано и нагласено дека по завршувањето на неговиот мандат, нема да ги исползува законско-утврдените привилегии, односно ќе се откаже од нив и ќе се врати на својата работа- да биде и понатаму универзитетски професор. Времето е тука да ни покаже дали ќе опстои на својот збор, а ако опстои тоа ќе биде еден мал пример на доблесен и морален политичар.  Во оваа држава во која носителите на јавни фунцкии немаат никаков нит срам, нит „ перде“, единствено и само притисокот на јавноста ( медиумите тука можат да одиграат клучна улога), но особено граѓанската јавност, може да изврши сензибилизирачки фокус врз одредена законска аномалија , и истата да биде коригирана во корист на граѓаните, а на материјална штета на функционерите. Па така, покрај жестокиот притисок на јавноста, пратениците своеиницијативно ги намалија патните трошкови, но правејќи го   тоа, создадоа друг инструмент на прибирање на народните пари на своја сметка- си изнајмуваат станови на свои блиски роднини, со буџетски пари. На крајот, испаѓа и пратениците сити, и јавноста заќутена.

Промена на изборен модел, за избор на вистински народни претставници!

 Кога сме кај пратениците, овие несреќници, навидум народни избраници, пратеничката функција ја гледаат само како можност за нагло богатење и користење на сите законски привилегии кои оваа функција ги носи. Смешно е , и срамно, како на некои „ народни избраници“, прво работно место им е пратеничкото столче. Но во оваа земја, и не треба тоа да не чуди, бидејќи во минатото сме имале министри на кои им било прво работно место министерската функција, па дури и премиери. Како и од каде  да се завртиш, Македонија е траорно место за жалење. Ние како граѓани на кои не им е сеедно каква е ситуацијата  во Македонија, и кои цел живот претендираме и се бориме од неа да направиме пристојно место за живеење, макар преку колумни, индивидуални акции и дејствувања, веројатно, уште долго ќе си тераме по добрата стара народна: карванот си врви ( читај: привилегиите на функционерите ќе си течат), кучињата ( ние/граѓаните), си лаат, и ништо знајачно, ниту па суштински нема да се смени. Граѓаните се целосно разочарани, и со право, бидејќи не го добија тоа што го заслужуваат, а и плаќаат од свој џеб како даночни обврзници: средена и ефикасна функционална држава, во која институциите на системот функционираат подеднакво за сите, квалитетно образование и здравство, чиста и здрава животна средина, достоинствени плати, и пристоен животен стандарт. Напротив од сето горенаведеното, не само што ништо од тоа не е исполнето, туку и се е обратно, во најлош индикатор: тотално партизирана и неефикасна администрација, киднапирани и заробени институции на системот, образование кое продуцира функционално неписмени деца, ужасно здравство, најзагаден воздух во свет, контаминирана почва, најниски плати, и крпен живот – од животен стандарт. Ќе има ли крај на сето ова, и конечно ќе почнеме да ги решаваме проблемите, или истите кои ги создадовме овие три децении, ќе ги продлабочуваме и правиме нови? Ако е второто, подобро и да немаме држава, зошто таква и не заслужуваме!



Благојче Атанасовски - политиколог

Претходната колумна на политикологот Благојче Атанасовски читајте ја подолу ...

Промена на изборниот модел, за рушење на султан партиите

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава