26 Април, 2024
0.0289

Пакетот антикризни закони блокиран, коалицијата Алијанса/Алтернатива достави 3.000 амандмани

Објавено во: Македонија 26 Март, 2021

Добивај вести на Viber


На Собранието сепак ќе му треба време да ги одобри трите закони од петтиот антикризен пакет за Ковид-19, бидејќи пратеничката група на Алијансата за Албанците и Алтернатива го исполни предупредувањето и достави 3000 амандмани на вчерашниот состанок на собраниската Комисија за финансирање и буџет .

Оваа опозициска коалиција бара прво да се изгласаат законските измени кои ќе овозможат стекнување на државјанство само со тројца сведоци. Координаторот Скендер Реџепи во една прилика дури и рече дека бизнисмените може да почекаат некое време за да им ги исплатата платите на вработените.

Собраниската Комисија за финансирање и буџет вчера беше закажана откако претходно во Собранието владејачкото мнозинство и ВМРО-ДПМНЕ постигнаа договор да се изгласаат овие закони. Но, пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива, како што најавија, ќе ги блокираат законите.

Комисијата за финансирање и буџет беше закажана откако вчера беше постигнат договор помеѓу владејачкото мнозинство и опозициската ВМРО-ДПМНЕ и на 36. седница останаа само Предлог на закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, за месеците февруари и март 2021 година, по скратена постапка, Предлог на закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година и Предлог на закон за изменување на Законот за данокот на личен доход, сите по скратена постапка и во второ читање.



Можеби ќе ве интересира

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени