14 Декември, 2025
0.0482

ПАЛЕВСКИ СО НОВИ ДОКАЗИ ЗА БРОЈОТ НА ГРБНУВАЧИТЕ НА ЖЕЖОВСКИ - продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Објавено во: Македонија 16 Мај, 2025 11:36

Добивај вести на Viber

Судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски продолжи денеска во Основен Кривичен суд Скопје во фаза на доказна постапка. 

Во текот на рочиштето, Палевски презентираше службени белешки од видео-докази од камерите на Хотел Романтик, кои, според неговото образложение, потврдуваат учество на три лица, а не четири во грабнувањето на Панче Жежовски.

Тој образложи дека согласно доказот, виш инспекторот и началник во СВР Велес, Стојан Кујанџиоски, кој ги анализирал видеото записите, пред судот ја потврдил точноста на службената белешка бр. 2532 од 7.12.2023.

Палевски истакна дека видео-снимките потврдуваат учество на три лица, а не четири, како што тврди Обвинителството.

- При преглед на видео записот е утврдено дека на камерата број 1 и камерата број 3 поставени на објект Хотел Романтик Велес го покриваат регионалниот пат (Стар пат Велес-Скопје), при прегледот на Видео-записите на ден 22.11.2023 година, во 10:35 (реално време 10:15) се забележува патнички автомобил Рено Кангу како се движи во правец Велес-Скопје по регионалниот пат и во внатрешноста на возилото се забележуваат две лица. 

И на ден 22.11.2023 година, во 10:35 (10:15) се забележува патнички автомобил Цитроен БХ со регистерски број ВЕ2931АД како се движи во правец Велес-Скопје и во внатрешноста на возилото се забележува едно лице  образложи тој.

Според Палевски, ова е докажан и утврден факт со видео, со сведочење, кој ОЈО Скопје не го доставиле во листата на докази во обвиненијата, а доставени се други девет службени белешки за сите останати видеа кои биле презентирани. 

- Со ова се потврдува дека во грабнувањето на Панче учествувале три лица, а не четири, како што тврди ОЈО во обвинителниот акт - рече тој.

Во продолжението се изврши увид во чаурата пронајдена на местото на убиството на Жежовски.

Во однос на барањето за изведување на ЦД, Судот информираше дека застапникот на обвинението изјавил дека немаат запис од камера од Сејф Сити од возилото на место Нова железничка.

По исцрпување на листата на докази, главната расправа продолжи со дополнение на доказната постапка.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежоски беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Фото: Вангел Тануровски

Можеби ќе ве интересира

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово