18 Мај, 2024
0.0292

ПАМЕТНА НА МАЈКА, МАЈКА НЕ МОЖЕ ДА ПРИФАТИ - нема утеха за семејството на прерано загинатата Викторија

Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Со голема болка и тага и со црни маици на кои стоеше ликот на девојката  нејзините блиски го посетија местото каде згасна животот на 24 годишната радовишанка Викторија Николова.

„На мајка самосталното дете, толку паметна...Мајка не може да прифати... Никоја мајка да не виде јас што доживеав“...зборуваше  мајката на загинатата Викторија, пренесе ТВ Сител.

Почивај во мир Викторија... Улиците не се бојно поле...Почитувај ги правилата вози внимателно... Стоп за сообраќајното насилство...

Ова беа дел од пораките кои точно на пладне ги испратија роднини, пријатели и познаници на трагично загинатата девојка од Радовиш во сообраќајната несреќа која пред десет дена се случи на раскрсницата пред Сити Мол.

Целта на денешниот едночасовен мирен собир е за подигнување на свеста за одговорно однесување во сообраќајот.

„Да не бидете празна гора без дрвја како нас, отворете ги очите кога ќе видете бела линија на пешачкиот премин“, порача Јулијана Николова сестра на загинатата Викторија.

„Целта е свеста и совеста на возачите да биде на многу поголемо нивоза ова масакрирање низ улиците на Македонија конечно да престане“, рече Владимир Михајловиќ, адводат на фамилијата.

Дел од присутните на собирот кои живеат на Партизанска побараа поставување на т.н лежечки полицајци кои ќе ја намалат брзината на движење на возилата по булеварот.

„Камерите не помагаат, да се постават лежечки полицајци пред секој пешачки и ќе се намалат жртвите“, изјави Томислав Неделковски.

„Тој ден не работеа семафорите“, додаде Ефтим Здравевски.

22 годишникот кој вечерта на 20 јануари со автомобил удри во Викторија е во притвор. 

Фото: Принтскрин Сител

Можеби ќе ве интересира

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза