08 Мај, 2024
0.0245

Панчевски: Претресот беше брутален

Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Екс претседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски обвини дека вчерашниот претрес бил брутален и врз него била применета физичка сила.  Испрати порака и до Јанева и до судиите дека ги охрабрува да работат согласно законот, но смета дека ваквата постапка е направена за да создаде страв.

„Незнаењето на Катица Јанева продолжува. Со ова се постигнати две цели претпоставувам.,  за изборните резултати за СДСМ и сеење страв во македонското правосудство. Јанева нема да ме заплаши , имам чиста совест. А вчера без да ми бидат посочени правата и без присуство на бранител беше применета сила од припадник на МВР“, посочи судијата Панчевски во телефонски разговор за ТВ 24.

Материјалните докази кои СЈО ги собра веќе се предмет на анализа. Треба да се утврди дали системот АКМИС за електронска распределба на предмети кај судии е злоупотребен и дали Панчевски како поранешен претседател на Кривичниот суд рачно местел случаи кај одредени судии.  

Вештачењата треба да ги  утврдат и сомневањата на кого и што како тајни информации давал Панчевски. Катица Јанева засега не потврдува дали Ѓорге Иванов е лицето кое  од Панчевски ги добило идентитетите на осомничените пред да го објави списокот со политичари, нивни соработници, но и заштитени сведоци кога донесе одлука за нивна аболиција.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава