Пандов: Дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се враќаат за патните трошоци?
Објавено во: Македонија 03 Април, 2018 12:35
Александар Пандов, поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и политички активист на десницата, јавно го искриткува претседателот Христијан Мицкоски за одлуката опозициските пратеници да се вратат во Собранието во период кога дел од нивните колеги и натаму се во притвор, а нивната пратеничка група е расцепкана со тоа што дел од коалициските партнери сменија страна и се приклучија на парлементарното мнозинство.
„Македонија е единствена земја во светот во која актуелни пратеници се во притвор со обвиненија за тероризам. Единствена!
Под истото обвинение се уште 20-тина родољуби и патриоти. Причината е што истиве се обидоа да го спречат нелегалниот избор со 57 гласа на Таљат за спикер на парламентот и инсталирање на хунтата на Заев во Република Македонија. Овие беа политичките причини поради кои опозицијата го напушти парламентот. Математичката причина беше 12% притворени опозициски пратеници.
Синоќа Мицковски ни прочита дека биле задоволени и математичките и политичките услови за враќање на опозицијата во парламентот. Па еве сакам да прашам ако пратениците и патриотите се и понатаму во притвор, а нелегитимниот Таљат само пред неколку недели избриша под со нивните 35.000 амандмани, што е тогаш тука политички исполнето.
Од друга страна со математика никогаш не сум бил нешто посебно добар, арно ама со сигурност знам дека по заминувањето на Чедо, Амди и неколку други пратеници, а притоа само една од притворените шест пратеници е ослободена, тогаш процентот од 12% притворени опозициски пратеници оди нагоре на 15-20%. Што ќе рече по мојата математика , а верувам дека и по математиката на секој здраворазумен човек резултатот ќе биде дека и овој услов не е исполнет!
Не е ваљда дека ќе се враќаат поради патните трошоци“ пишува Пандов на социјалните мрежи.
Можеби ќе ве интересира
Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име




