09 Октомври, 2024
0.0333

Парадоксот на Соломон: Даваш најдобри совети, а не можеш да ги искористиш за себе

Објавено во: Стил 11 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Ви се случило ли да дадете совети, да се зачудите од нивната важност и помош, а да не можете да ги искористите за себе за ситуации во кои е потребно?

Тоа им се случува на многумина и е нормална појава. Стануваме парализирани во моменти кои ни го одемаат здивот, не можејќи рационално да го искористиме она во што некогаш сме најдобри: давање совети.

Студијата на професорот Адам Грант дава една поинаква перспектива на оваа проблематика.

Соломоновиот парадок алудира на пронаоѓање на решенија за другите и неможност за согледување на решенија за нас самите.

Кога помагаме на другите гледаме на пошироката слика разграничувајќи го важното од неважното, а кога гледаме за нас, се преоптоваруваме со ситници, најмали работи, атомски, кои го попречуваат патот до успехот и стануваме сензитивни на решенијата.

Има разлика помеѓу тоа да знаеме што е добра одлука и таа да ја имплементираме.

Затоа е многу важно да користиме ментална техника која ќе помогне да ги отстраниме потенцијално парализирачките одлуки кои ни одземаат многу време во животот и да почнеме да се грижиме за големите работи.

Ќе направите да ви биде полесно доколку искористите некое решение кое веќе е дадено од некои експерти отколку да “мозгате' ваше сопствено, губејќи се и парализирајќи ви го секојдневието.