Паричката овој Бадник се падна кај премиерот Зоран Заев
Објавено во: Македонија 06 Јануари, 2021
Паричката за оваа Бадникова вечер се паднала кај премиерот Зоран Заев.
Неговата ќерка Александра Заева сподели фотографија на Инстаграм, на која премиерот Зоран Заев ја покажува паричката што му е паднала во лепчето.
Честитки за премиерот Заев, да се надеваме дека паричката ќе му донесе среќа и бериќет, не само на личен, туку и на државнички план.