Пародија - Сега и власта ќе се жали на мобинг од пратеничките прашања
Објавено во: Македонија 29 Септември, 2016
Пратеникот Илија Димовски направи голема пародија на седницата предвидена за пратенички прашања кон владата, но тој за кратко побара пауза од еден час слично како некоја друга „специјална“ личност, а ако го прашаат зошто тоа го направил ќе им возврати дека му вршат притисок.
„Од денеска овие седници за пратенички прашања ќе ги викаме седници на мобинг. Дека членовите на Владата не мора да одговараат на нашите прашања после 25 години демократија ни откри еден специјален човек. Ова сознание и револуционерно откритие конечно ни го обелодени еден специјален човек со специјална мисија дека сме биле во заблуда и дека нема потреба да одговарате на ниту едно прашање. Така министерот за финансии не мора да го образложува буџетот, претседателот на Собранието може да ја презакаже седницата за еден месец бидејќи има приватни обврски, а ако ние се побуниме, тој да нѐ обвини за мобинг. Ова што го прави еден специјален човек не е мобинг, туку е циркус. Сега ќе побарам пауза од еден час, а ако некој ме праша зошто, ќе го обвинам за мобинг и демонстративно ќе ја напуштам седницата“ рече Димовски.
Ваквото однесување на Димовски и пратениците на владејачкото мнозинство наиде на жестоки критики од опозицијата кои ќе бидат искажани штом седницата продолжи, а на жешките столчиња треба да седнат министри и функционери на владата.