04 Мај, 2024
0.0298

Партиите се скараа кој со чии инвестиции се слика и фали

Објавено во: Економија 03 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Откако премиерот Зоран Заев вчера беше во посета на компанијата „Костал Македонија ДООЕЛ Охрид“, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека токму минатата власт ја донела оваа компанија да инвестира во Македонија.

Велат дека тоа е израз на неспособноста и некадарноста на Владата.

„Во недостаток на сопствени инвестиции кои што би обезбедиле нови работни места за граѓаните, аболицираниот Зоран Заев се слика и се фали со странските инвестиции кои што ги донесе ВМРО-ДПМНЕ.  Да биде лицемерието поголемо токму странските инвестиции по кои што СДСМ и Заев фрлаа со дрва и камења кога беа во опозиција, сега им се единствена светла економска точка. Компаниите кои за СДСМ беа симбол за експлоатација на работници и ниски примања, сега за нив се компании кои поттикнуваат економски развој. Германската компанија „Костал Македонија ДООЕЛ Охрид“  е уште една од многуте странски инвестиции кои ги донесе ВМРО-ДПМНЕ. Нејзиното работење е  само уште еден доказ за успешните економските политики кои ги имплементираше владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и кои резултираа со илјадници нови работни места“, стои во реакцијата. 

Од партијата тврдат дека граѓаните од оваа власт не виделе никаков бенефит. Обвинија дека СДСМ единствено што успеаја досега да направат е да ги зголемат бизнисите на своите функционери,  на сметка на граѓаните кои се повеќе осиромашуваат.

Велат дека СДСМ нема капацитет да донесе инвестиции во Македонија. 

Заев заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и со в.д. градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиевски, вчера беа во посета на германската компанија каде нето платата е скоро 500 евра. 

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?