20 Декември, 2025
0.0466

Партијата на Ердоган со шанса за мнозинство на изборите утре

Објавено во: Балкан 31 Октомври, 2015 12:37

Добивај вести на Viber

Со сигурност улогата на Турција на Блискиот Исток е намалена за кризата во Сирија. Ова се должи и на вклучувањето на многу играчи во оваа криза. До Арапската пролет, а и малку потоа, Турција беше регионален лидер, водеше многу преговори за помирување на конфликтите помеѓу земјите во регионот, но војната во Сирија ги промени работите. Тоа го изјавила новинарката Зоја Димитрова ден пред претстојните парламентарни избори во Турција.

Според неа причината е дека повеќето големи политички играчи не ја делат цврстата позиција на Анкара дека конфликтот може да биде решен само глобално и со задолжителното отстранување на Башар Асад од власт и неутрализирање на „Исламска држава“.

„Интервенцијата на Русија во последните 2 месеци во кризата уште повеќе ја комплицираше ситуацијата и ја стави Турција во уште потешка ситуација, бидејќи таа економски е многу поврзана со Русија, но во никој случај не може да ги прифати нејзините активности во Сирија“, додала Димитрова.

Сириските Курди, поддржани од ПКК, имаат освоено големи копнени победи против „Исламска држава“ и Анкара се плаши дека како награда за овие успеси сириските Курди ќе добијат можност да направат барем автономија. Тоа би го ставило на дневен ред прашањето за независна курдска држава, додаде Димитрова, која негираше дека Турција и дава поддршка на „Исламска држава“, иако таа земја долго си ги „затвораше очите“ за пропустливоста на границата.

„За тоа таа плати една многу скапа цена - овие три атентати и последниот - во Анкара - кој е најкрвавиот во историјата на турската република“, додала новинарката.

Ставот на Турција за ситуацијата во Сирија во голема мера зависи од тоа каква влада ќе биде избрана во недела, коментира Димитрова. Партијата на правдата и развојот на претседателот Реџеп Ердоган има, макар и минимална шанса да постигне мнозинство. Дури и да не се постигне мнозинство, формацијата може да формира коалиција со Републиканска народна партија, која значително ќе ја намали поларизацијата во Турција.

„Во Турција има еден страв од коалициите, бидејќи во 70-тите години, а потоа и во 90-тите имаше цела серија, би рекла, непринципиелни коалиции, кои се правеа, само за да се задржи управувањето. Сите тие доведоа до хаос - финансиски, и економски. Затоа Турците се претпазливи“, додала Димитрова.

Таа истакна дека според анкетата 65% од луѓето не сакаат коалициско управување. Од друга страна, само-управување на АКП ги плаши луѓето од тоа дека оваа партија ќе прејде на власт. Таа управува 13 години, во повеќето време успешно, но тоа ќе ја зајакне нејзината желба да ги контролира апсолутно сите сфери на животот.

Поддршката за прокурдската партија, според социолозите, останува на ниво околу 13%. Нема зголемување, но нема и намалување за она што се очекуваше по овие напади. Во најлоша и ранлива позиција е националистичката партија која не манифестира апсолутна никаква посветеност кон она што се случува и не учествува во ниту во еден од обидите да се намалат тензиите во Турција.

Влегување на АКП во коалиција со Партијата за националистичко движење би нанела голема штета на процесот на помирување со Курдите, коментира Димитрова.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација