26 Април, 2024
0.0646

Партијата на Груевски побара корекција на Договорот за добрососедство

Објавено во: Македонија 27 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

За да добие недвосмислена поддршка, Договорот за добрососедство со Бугарија треба да биде приспособен во делот на националните интереси на Македонија, изјави Никола Попоски од ВМРО-ДПМНЕ, пренесува Радио "Слободна Европа" . 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ изрази поддршка за поголемиот дел од договорот за добрососедство со Бугарија, истакнувајќи дека ситуациите кои се однесуваат на економскиот развој и инфраструктурата, заслужуваат позитивна оценка. Сепак, поранешниот министер за надворешни работи Никола Попоски оцени дека договорот во целост одговара само на бугарските интереси, а не на македонските. Главните забелешки на договорот се за формулацијата на македонски народ, но и за формулацијата за македонски јазик.

На прашањето на Радио "Слободна Европа" дали пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи ратификацијата на овој договор во парламентот, таков каков што е, Попоски одговори: "Сметаме дека за да добие недвосмислена поддршка, треба да се направи корекција во делот на националните интереси и од другата страна. Неопходно е македонската влада да ги издејствува овие коментари кои веќе ги споменав во однос на споменување на македонскиот народ, за споменување на македонскиот јазик. од резултатот ќе може да се заклучи дали ќе добие или нема поддршка текстот кој се потпишува, каков и да е тој ".

ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Договорот за добрососедство што е во согласност со националните интереси, пак реагира СДСМ на тврдењата на Никола Попоски.

„Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија е во согласност со националните интереси на Република Македонија и одговара на интересите на граѓаните и на Македонија и на Бугарија“, реагираат од владеачката партија, дополнувајќи дека со договорот се реафирмира позицијата дека се работи за две посебни држави, два посебни народи и два посебни јазика, се затвора прашање што непотребно одвлекува внимание и енергија, се забрзува процесот на интеграција во ЕУ и НАТО, а Македонија станувапример за соработка во Југоисточна Европа.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“