Партијата на Меркел со поддршка, за преговорите со Македонија Бундестаг одлучува утре
Објавено во: Македонија 25 Септември, 2019
Германскиот Бундестаг во четврток треба да гласа за одобрување Македонија да добие датум за преговори за членство во Европската Унија. Партијата на Ангела Маркел синоќа со апсолутно мнозинство донела одлука за поддршка на процесот за старт на преговорите со Макеоднија.
Како што објави Фактор тоа пред полноќ како ексклузивна вест на фејсбук го соопшти вицепремиерот Бујар Османи.
Претходно тој напиша дека се враќа од Њујорк кон Германија и дека ја скратил посетата само заради гласањето во германскиот Бундестаг.
„Ја скратив посетата на Њујорк во Генералното Собрание на Обединетите Нации за да патувам за Берлин за да присуствувам на седницата на Германскиот Бундестаг каде ќе се донесе одлуката за Европската иднина на нашата земја, напиша Османи на фејсбук.
Османи минатата недела по средбата со
германскиот државен министер за Европа и претставник на СР Германија во ЕУ,
Михаел Рот, најави дека Бундестагот ќе даде зелено светло за отпочнување на
преговорите на Македонија со ЕУ на седницата која ќе се одржи на 26 септември.