14 Мај, 2024
0.0249

ПАТАРИНА ЕВЗОНИ: Колку милиони ќе наплатат Грците од нас?

Објавено во: Економија 03 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Најмалку 7 милиони евра годишно ќе и носи на Грција новата патарина кај Евзони, оддалечена само 500 метри од границата со Македонија. Ова го покажуваат грубите пресметки базирани на статистичките податоци за протокот на патнички автомобили и камиони низ најфреквентниот премин на македонско- грчката граница кај Богородица.

Според бројките од Царинската управа на Македонија, овој граничен премин секоја година го поминуваат околу 250.000 тешки камиони и десетици илјади автобуси за кои сега треба да се плати патарина од 4,50 евра и 6,30 евра во еден правец во зависност од бројот на оските. Пресметано во два правци, паричниот прилив само од нив ќе биде околу 3,5- 4 милиони евра. Речиси еднаков износ ќе се собере и од повеќе од еден милион патнички автомобили кои во просек годишно минуваат низ граничниот премин на нашата витална сообраќајна артерија на правецот север- југ. За оваа категорија возила, секое поминување на границата чини 1,80 евра, а ако по истиот пат се враќаат во Македонија тогаш вкупниот трошок ќе биде 3,60 евра, односно Грците годишно ќе наплатат просечно околу 3,5 милиони евра.

Најголем дел од овие пари ќе дојде од џебовите на македонските граѓани, кои често одат на кафе и шопинг во Солун или летниот одмор го поминуваат во блиските туристички центри на трите крака на полуостровот Халкидики. Досега тие ја имаа привилегијата да се возат по грчките автопати во овие региони без да платат патарина, за разлика од тие што патот го продолжуваа кон одморалиштата на Олимписката регија, Јонското Море или кон Кавала. Така, ова лето за нив трошокот за патарини за одмор во Грција, покрај 360 денари кои треба да ги дадат на македонските наплатни рампи, ќе се зголеми за дополнителни 3,60 евра или за околу 220 денари, во двата правца.

Добар дел од приходите на грчката патарина ќе дојде и од македонските транспортни компании, за кои трошоците за секој превоз по овој патен правец ќе се зголемат за најмалку 10 евра. Пристаништето Солун е главна морска порта за Македонија, преку која доаѓа голем дел од потребните репроматеријали за нашите фабрики. Колку за илустрација, преку овој премин секој ден поминуваат 150- 200 цистерни со кои обезбедува сигурно снабдување со нафтени деривати на земјава, а македонски се и голем дел од тешките камиони кои го поминуваат граничниот премин „Богородица“. Тие вршат превоз не само за наши компании, туку и за фирми од соседните и други европски земји.

Во ваква ситуација, за македонските камионџии најголем проблем се строгите грчки закони кои не дозволуваат движење на тешки товарни камиони по локални и магистрални патишта, додека возачите на патнички возила можат да дојдат до Солун и преку премиот Дојран- Дојрани, преку Кукуш. Паричните казни за камионџиите се драстични и изнесуваат неколку илјади евра, а скршнувањето од главниот пат кон Солун е дозволено само со соодветно оправдување, како дотур на стока во некое попатно место, дефект на возилото и слично.

Инаку, патарината „Евзони“ почна со работа на 14 декември 2017 година. Тарифата за мотори е 1,30 евро, за автомобили, односно моторни возила со или без приколка со висина до 2,70 метри ќе плаќаат 1,80 евра, камиони и автобуси со помалку од четири оски со или без приколка и висина над 2,70 метри ќе плаќаат 4,50 евра, додека пак најскапо, 6,30 евра, е за камиони и за други возила со четири или повеќе оски со или без приколка и висина од над 2,70 метри.

(М.Б.)

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш