ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?
Објавено во: Економија 14 Мај, 2024 10:48
Најуспешните 15 компании, чија приоритетна дејност е собирање приходи од закуп од наемнини, направиле вкупна добивка поголема од 20 милиони евра во 2023. На листата се три компании кои управуваат со молови - СЦМ Ретаил (Скопје Сити Мол), Палма Траде и Еаст Гате Малл. Останатите шопинг-центри, посебно скопските, се главно подружници на големите фирми. Со шопинг молот „Рамстор“, како и со другите објекти под овој бренд, управува „Евроасиа Техника“, преку Сити Плаза, на бизнисменот Ајдован Адемовски.
На листата е и Езимит Вино Штип, која покрај пространството насади за рентање, е позната и по поседот на катната гаража и деловниот објект зад Универзална сала. Тука се и добропознатите акционерски друштва - Скопски Пазар, кој управува со дузина зелени пазари и ги изнајмува објектите од своите некогашни супермаркети, Тетекс, некогашниот текстилен гигант, кој сега главно живее од кириите што ги наплаќа од продажните места и погоните. како и Интерпромет, уште една компанија од Тетово за издавање на деловен простор.
Тука е и Аир Систем, сопственикот на објекти од сервисната зона во Кисела Вода, како и Волис Проперти ВЛ, кој ја има зградата спроти МНР во која е сместена управата на Оне.Вип во центарот на Скопје. Меѓу првите е и КАМ Имобилиен,заиздавање на придружните простории на објектите во сопственост на ланецот-маркети.
Во Топ-15 е и Настел, компанијата која покрај изградба, издава и станови. A.K.
Извор: Централен регистар
Можеби ќе ве интересира
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди
Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи




