26 Април, 2024
0.0375

Пауновски: Има големи трговци со шпекулативен однос кон пазарот

Објавено во: Економија 24 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Стојко Пауновски, директорот на Државниот пазарен инспекторат, денеска информираше дека постојат наоди кај одредени големи трговци со јужно овошје дека се служат со шпекулативен однос кон пазарот по одлуката за замрзнување на цените и дека со умисла трупаат залихи. 

- И на рафтови, и во книговодство и на сметките, состојбата со замрзнатите цени од 11 март се контролира и кај некои трговци има отстапувања, но засега се оди преку укажување затоа што казните се навистина големи - 8.000 евра за правно лице.. Имаме јавувања во поодалечените места. Нашите инспектрои и таму постапуваат. Откако излезе одлуката за најголемата маржа за јужното овошје се покажа дека има одредени четири-пет компаниите кои намерно имаат шпекулативен однос на пазарот. Кај големите трговци ќе мораме да им ги видиме залихгите и што е тоа што го набавувале по 11.03.2020. Од 1 јануари.2020 до 11 март.2020 ќе се пресмета маржата, а понатаму не смее таа да се зголемува. Со цените ќе мораме да причекаме бидејќи мора да се споредуваат со претходниот период кој треба да се пресмета во смисла на маржата. Точно е дека има недостаток на одредени производи, рече денеска Пауновски.

Тој додаде дека може да се одземе стоката во корист на државата доколку трговецот и натаму работи со високи цени и покрај тоа што еднаш бил казнет. Од 11 март направени биле 869 надзори на замрзнати цени, промена имало кај неколку производи, но веднаш биле задолжени продавачите да ги вратат старите цени.

Кажано беше и дека Управата за јавни приходи ќе отстапи свои ресурси за Државниот пазарен инспекторат за да се спроведува поголема контрола на замрзнатите цени.


Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина