Паузата заврши - ќе има ли договор за референдумот?
Објавено во: Македонија 19 Јули, 2018
Во Клубот на пратениците по пауза од половина час продолжи средбата на лидерите на четирите најголеми партии во државата. Официјална информација за тоа што се разговарало во првиот дел засега нема. Од СДСМ велат дека разговорите продолжуваат, но дека лидерите се далеку од договор.
ВМРО-ДПМНЕ велат уште не станало збор за референдумот, туку се разговарало за концептот за финансирање на политичките партии и за Законот за Влада. Тие нема да го бојкотираат референдумот.
На лидерската средба треба ќе се разговара за повеќе прашања, меѓу кои и за составот на ДИК и претстојниот есенски референдум за името, и за референдумското прашање.
Синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја напушти лидерската средба.
фото МИА