20 Декември, 2025
0.2012

Павле Богоевски утре на суд, активисти ќе му дадат поддршка

Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2016 17:03

Добивај вести на Viber

Во Кривичниот суд во Скопје, утре во 11.15 часот, е закажано второто рочиште од судењето против граѓанскиот активист Павле Богоевски. 

На активистот му се суди за учество во протестите на „Шарената револуција“ откако претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов  донесе одлука за аболиција на политичари. Богоевски се товари за учество во толпа што ќе изврши кривично дело.

Веќе има најави на социјалните мрежи дека активисти ќе се соберат утре пред судот за да му дадат поддршка. 

„Другари утре во 11.15, јас ќе бидам таму, заради сите премолчани ветувања кои си ги дадовме изминативе месеци. До слобода другари“- напиша Симона Спировска на Фејсбук.

Претходно „Шарената револуција“ бараше да запре прогонот против нивните членови, но ова барање иако беше клучно, досега не е исполнето. 

Инаку Богоевски е на листа за пратеници на опозицијата предводена од СДСМ. 

Можеби ќе ве интересира

Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница

Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница

Отежнет патен и авио сообраќај во Македонија

Отежнет патен и авио сообраќај во Македонија

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него