Павлопулос му откажа на Пендаровски за да се види со Џинпинг

Објавено во: Македонија 11 Мај, 2019 13:12
Претседатеот на Грција, Прокопис Павлопулос, ќе престојува во официјална посета на Кина од 13 до 15 мај, на покана на кинескиот претседател Си Џинпинг, потврди неговиот кабинет, додека истовремено нема најава дека ќе присуствува на утрешната инаугурацијата на Стево Пендаровски, новоизбраниот македонски шеф на државата.
За време на конференцијата во Кина, претседателот Павлопулос ќе одржи говор на тема "Важноста на дијалогот меѓу цивилизациите за воспоставување меѓународен мир", а ќе се сретне и со кинескиот премиер Ли Кечијанг.
Ниту од македонското Собрание, ниту од МНР не откриваат дали Павлопулос ќе го скрши мразот со инаугурацијата и ќе допатува во Македонија во недела. Конзервативниот претседател е познат по неговите резервирани ставови кон Преспанскиот договор.
Со или без присуство на грчкиот претседател, на специјалната собраниска седница в недела, Пендаровски ќе ја даде свечената изјава, по која ќе му почне и петгодишниот мандат. Според досегашната практика, од Собранието Пендаровски ќе се упати во „Вила Водно“, каде што на кратка церемонија, неговиот претходник ќе му ја предаде функцијата.
Можеби ќе ве интересира
ЦИПРАС ПРИЗНАВА – „АКО НЕ ПОБРЗАВМЕ ЌЕ БЕВМЕ ПОД ПРИТИСОК ДА ГО ПРИФАТИМЕ УСТАВНОТО ИМЕ“: По седум години од Преспанскиот договор
МИЦКОСКИ СООПШТИ КОГА ЌЕ ПОЧНЕ ИЗГРАДБАТА НА БРЗАТА ПРУГА: „Ќе значи многу во историска и транспортна смисла“

„ПРИСТИГНУВААТ РАЗНИ ПОРАКИ ОД СОФИЈА, СТАРИТЕ РЕКЛЕ ПОМАЛКУ СЛУШАЈ, ПОВЕЌЕ ГЛЕДАЈ ШТО РАБОТАТ“: Мицкоски вели Бугарија може да ги повлече амандманите во ЕП

Петар Ристески Пеката: Потпишав пристапница, но не станав член на СДСМ

„ЈА ПОВИКУВАМ СИЛЈАНОВСКА ДА СТАВИ ПРСТ НА ЧЕЛО“: „Нека гукнат!“, вели Ванковска

Бидете крајно внимателни, доаѓаат невреме, громови и појава на град!

„ЕДЕН ОД ПОГОЛЕМИТЕ ПОГРОМИ НА ОВАА НАПАТЕНА ДРЖАВА И НАРОД!“ Дуковски за седумгодишнината од Преспанскиот договор

НИКОЛОСКИ ВЕЛИ ДЕКА МИЈАЛКОВ Е ИСКЛУЧЕН ОД ПАРТИЈАТА, ИМ ДАДЕ СОВЕТ НА СДСМ ИСТОТО ДА ГО НАПРАВАТ СО ТИЕ ШТО СЕ СЛИКААТ ВО ДУБАИ СО ЗЛАТНИ ВИЗИ: Еве што тој открива тој
