Пазарџиите продаваат збунети на зелените пазари
Објавено во: Економија 04 Јануари, 2019
Продавачите на зелените пазари низ Македонија секојдневно се на тезгите но се збунети кога станува збор за новиот закон за трговија кој стапи во сила од 1 јануари и не знаат каде и како треба да се извади потребната лиценца, бидејќи не им е појаснета ситуацијата.
Со новиот Закон пазарџиите мора да имаат лиценца, а неа ја издава Комората на трговци на Македонија. И Групацијата за пазари побарала и таа да добие јавно овластување за издавање на лиценци.
Дел од пазарџиите добиле информација дека инспекциите од понеделник ќе почнат да одат по пазарите и дека во прво време ќе имаат советодавна улога да им посочат на пазарџиите кои им се новите обврски околу лиценцирањето
Инаку лиценцата еден закупец на тезга ќе го чини 60 евра.