Пекер демантира дека поседува фалсификуван пасош
Објавено во: Македонија 08 Април, 2021
Турскиот државјанин Седат Пекер не поседува фалсификуван македонски пасош со негова фотографија, а туѓ идентитет, тврдат адвокатите Дублин Караџа и Јасмин Калач преку соопштение во кое ги демантираат ваквите информации, oбјави ТВ 21.
„Реис Седат Пекер категорично и целосно ги отфрла содржината на насловите и прилозите емитувани на порталите и медиумите како невистинити и тенденциозни. Дезинформирањето на јавноста со свесна намера да се наруши угледот на господинот Седат Пекер се гледа од тоа што прилозите се подготвени надвор од професионалните новинарски стандарди, а пренесените вести се во целост лажни“, велат во соопштението во кое се бара и јавно извинување од медиумите кои објавиле таква информација.
За поседувањето македонски пасош на Седат Пекер на прес-конференција во вторникот зборуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој рече дека Седат Пекер од Турција, кој бил протеран од Македонија, се појавил во полициската станица во Драчево и се сликал за личен документ под името Џадин Адемовски, како бизнисмен.Како што соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, 214 странци и еден македонски државјанин добиле македонски пасоши со туѓ идентитет. Луѓе од висок ризик користеле вакви пасоши.