08 Мај, 2024
0.0281

Пендаровски: Акцијата во Арачиново пред 20 години беше неуспешна и некомпетентна

Објавено во: Македонија 13 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Претседателот Стево Пендаровски во своето денешно интервју за Дојче Веле по повод 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, за интервенцијата на специјалниот претставник на НАТО, Питер Фејт, со евакуација на припадниците на ОНА при фамозната акција на македонските вооружени сили во Арачиново, вели дека била на барање на државното раководство.

„Бев само неколку дена на работа и сѐ уште немавме направено ниту службено примопредавање со Никола Димитров, кога Трајковски, нѐ испрати двајцата, како претставници на кабинетот, во хотел „Белви" каде што беше штабот на здружените воено-полициски сили, последната вечер, пред нападот на Арачиново. Таму беше и специјалниот претставник на НАТО, Питер Фејт, кој наспроти шпекулациите за неговото самоволно однесување, за сето време ги слушаше нашите армиски и полициски генерали. И денес малкумина имаат смелост да кажат дека и влезот на Фејт во селото за да ја организира акцијата за евакуација на припадниците на ОНА откако беше очигледен неуспехот на акцијата, беше на барање на државното раководство“, се навраќа Пендаровски.

Шефот на државата вели дека нападот на кабинетот на тогашниот претседател Борис Трајковски од страна на полициските и воените резервисти следувал по нивната „некомпетентна и неуспешна акција“ во Арачиново.

„Да, најдраматичните моменти во кабинетот на претседателот се случуваа по неуспешниот почеток на акцијата за заземање на Арачиново, кога полициските и воени резервисти дојдоа пред Парламентот да протестираат против претседателот Трајковски, кој, наводно, ги предал во договор со странските посредници. Се разбира, вистинските виновници за неуспешната акција се обидоа својата некомпетентност да ја прикријат со пренасочување на вината кон човекот кој немаше никаква одговорност за таквиот исход. Незадоволната маса доцна попладнето го демолираше кабинетот на претседателот, а ние, вработените непосредно пред упадот бевме евакуирани со помош на обезбедувањето преку службените влезови на објектот. Тогаш не можев ни да претпоставам дека 16 години подоцна, во сосема други околности, повторно ќе бегаме од законодавниот дом пред налетот на граѓаните изманипулирани од политичарите“, вели Пендаровски во денешното интервју.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава