01 Мај, 2024
0.0282

Пендаровски го помилувал Фета за добро однесување

Објавено во: Македонија 18 Март, 2022

Добивај вести на Viber


Претседателот Стево Пендаровски вели дека групните помилувања ги дава кога Министерството за правда доставува список на предлози добиени од казнено-поправните домови. Ова следува откако на неговиот последен список се најде Абдулфета Алими 

Шефот на државата тврди дека Фета, осуден на шест години затвор како обезбедување во Собранието кога се случија настаните на 27 април 2017, е само делумно помилуван од осум месеци, а обично таков акт се носи во случаи кога граѓаните кои бараат помилување имаат за отслужување уште неколку години од казната

„Основните предуслови за едно лице да биде помилувано, се во насока на добро поведение, да покажал каење за стореното дело, да почне со отслужување на казната, да не станува збор за повторник или лице кое има повеќе дела за кои треба да одговара и во иднина. Потенцираме дека за одредени кривични дела не е возможно да се бара помилување. Секој случај се разгледува поединечно. Во однос на предметите опфатени со последната одлука за помилување на осудени лица, Комисијата за помилување даде позитивен предлог. 

Лицето Абдуљфета Алими, кој има добиено делумно ослободување од понатамошно извршување на неиздржаниот дел од казната затвор, во траење од осум месеци, ги има исполнето условите предвидени со Законот за помилување и воспоставената пракса“, се вели во коментарот од кабинетот на Пендаровски.

За случајот со целосното помилување на Александар Петровски вели дека тоа е затоа што тој е во животнозагрозувачка здравствена состојба. Од кабинетот тврдат дека тој не учествувал во странски војски.

„Александар Петровски, потполно се ослободува од понатамошно извршување на казната затвор, бидејќи станува збор за граѓанин со тешка и животнозагрозувачка здравствена состојба. Не станува збор за повратник од странски боишта. 
Помилувањето е институт кој има корективна функција. Дејствата кои ги предизвикува помилувањето се овозможување и забрзување на ресоцијализацијата на осудените лица а со тоа и остварувањето на целите на казнувањето и извршувањето на казната“, се вели во објаснувањето.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија