Пендаровски: Немам намера да зборувам за Цар Самоил за 10 или 11 век
Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2022
Шефот на државата, Стево Пендаровски во „Топ Тема“ на Телма изјави дека нема намера да оди во Бугарија за да разговараат за историја. Вели дека сака да зборуваат за европски интеграции, за економијата, за инфраструктурата меѓу Софија и Скопје
„Можеме да разговараме за реални теми, но не и за историја. Немам намера да зборувам за Цар Самоил за 10 или 11 век. Немам добиено мандат во 2019 година за да ја враќам мојата земја во 19 век“, кажа Пендаровски.
Пендаровски додаде дека реториката меѓу Македонија и Бугарија во последниот период е смирена, а за тоа причина е преговарачката рамка.