Пендаровски: Разликата меѓу мене и Силјановска е огромна
Објавено во: Македонија 21 Април, 2019
Благодарност за мнозинската поддршка дадена уште во привот круг.
Концептот заедно ќе победи на 5 мај а јас ви благодарам за мнозинската поддршка, кажа кандидатот од коалицијата Заедно напред.
Стево Пендаровски истакна дека очекува демократски втор круг и како што посочи мнозинството граѓани се изјасниле дека сакаат напред.
-Едвај чекам да се вратам на работа, за напред на евроатланска Македонија.
Изборот на вториот круг ќе биде полесен бидејќи разликата меѓу мене и Силјановска е огромна. Назад не е опција, назад е блокада- кажа Пендаровски.
Тој прати порака до гласачите кои гласале за Река, за неодлучните и оние кои гласале за Силјановска дека прогресивниот концепт мора да продолжи за да живееме во стабилна, економски развиена држава.
Тој рече дека ќе биде претседател на сите граѓани и повика заедно напред.