14 Декември, 2025
0.0318

Пендаровски сепак нема да оди во Москва на прославата на 9 мај

Објавено во: Македонија 04 Мај, 2020 12:53

Добивај вести на Viber

Шефот на државата Стево Пендаровски нема да учествува на прославата на 75-годишнината од победата во Втората светска војна на 9 мај во Москва, затоа што претседателот деновиве добил известување дека настанот е откажан поради епидемијата, потврдуваат од неговиот Кабинет за „Фактор“.

Минатата година Пендаровски доби покана од рускиот претседател Владимир Путин за негово присуство на големиот настан, а македонскиот претседател потврди дека ќе присуствува на истиот.

„Еден од главните принципи на нашата држава е борбата против фашизмот. Значи, секако ќе бидам таму“, изјави пред повеќе од половина година Пендаровски, кој беше поканет заедно со политичките лидери на Индија, Куба, Франција, Чешка, Венецуела, Белорусија. Ерманија, Бугарија и Србија кои исто така до тогаш го потврдија нивното учество на прославата. Покана беше испратена и до американскиот претседател Доналд Трамп.

За Денот на победата над фашизмот рускиот претседател Владимир Путин најави дека ќе се одржи само воздушна парада на авиони и хеликоптери во Москва на 9-ти мај.

Комеморацијата на 75-годишнината од победата во Втората светска војна, со голема парада и марш ќе се одржи кога ќе помине епидемијата на коронавирус, додека официјалната програма е одложена поради ризикот од нејзино ширење.

Во 2020 година, светот ја одбележува 75-годишнината од победата над фашизмот и неговата капитулација.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово