19 Мај, 2024
0.0278

Пендаровски со укор до обвинителите

Објавено во: Македонија 12 Август, 2019

Добивај вести на Viber

-Во Уставот стои дека Парламентот заседава постојано и ако има потреба веднаш истата вечер се собираат сите 120 пратеници, а тоа истото мора да важи и за сите обвинители во случајот. 

Не смееме да си доволиме во ваква голема афера ние да тераме годишни одмори како да е редовна состојбата, а состојбата не е редовна-рече Пендаровски.

Тој додаде дека не контактирал со премиерот Заев ниту со друг министер, бидејќи како што рече во овој момент тоа не било потребно.

Пендаровски, преку јавноста апелираше оние кои се надлежни да почнат да ја работат својата работа, побрзо, бидејќи, вели, не можеме да чекаме со месеци и месеци бидејќи станува збор за многу крупен влог.

-И од аспект на евроатланските процеси ние мораме брзо да ја расчистме оваа афера и не смееме да оставиме ниту најмал сомнеж ниту кај една единствена земја членка на ЕУ дека ние не сме подготвени да расчистиме и вакви случаи.

-Не се сите обвинители корумпирани, а голем дел од нив се професионалци со интегритет. Оваа држава има доволно чесни и способни луѓе со образ, меѓутоа тука главната улога треба да ја одиграат политичарите  и во тоа ја гледам направената кардинална грешка . 

Генерации политичари пропуштија многу одамна да создадат амбиент во кој чесните и професионални кадри во судството ќе ја вршат работата без притисоци од страна а корумпираните ќе се соочат со правдата. Меѓутоа не е предоцна ниту денес, час поскоро ниту ние да почнеме тоа да го правиме-рече шефот на државата.

Претседателот кажа дека во животот со првиот осомничен во случајот Рекет се има сретнато само двапати. Во 2015 во Кампот на слободата и на телевизиско интервју кај Кабранов, минатата година, каде Кабранов го запознал со Бојан 13.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“