ПЕПЕЛ НАД 5 КМ: Поради ерупција на вулкан луѓето ги напуштија домовите
Објавено во: Свет 11 Мај, 2018
Луѓето кои живеат во близина на индонезискиот вулкан Мерапи утрово добија апел за евакуација, откако вулканот исфрли големи количини на пепел и чад.
Евакуирани се луѓето кои живеат на 5 км од вулканот.
Ерупцијата се случила ненадејно и е проследена со голема врева.
Вулканот формира столб од пепел во висина од 5.500 метри.Тој се смета за најактивен вулкан во земјата.
Вулканот Мерапи е висок 2.968 метри и се наоѓа меѓу Јогјакарта и провинцијата Централна Јава и е најактивниот од 500 вулкани во Индонезија.