Песков вели дека Украина треба да ја види реалната ситуација, Кисинџер порача Украинците да се откажат од Крим и дел од Донбас
Објавено во: Свет 26 Мај, 2022
Русија чека Украина да ги прифати барањата за мировни преговори, изјавил денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Чекаме Киев да ги прифати барањата на Москва и да ја сфати де факто ситуацијата, реалната ситуација која постои“, рекол Песков на редовниот брифинг.
Екс американскиот државен секретар Хенри Кисинџер претходно кажал дека Западот треба да се откаже од обидите да се постигне воен пораз на Русија во Украина и ја истакнал потребата Киев да се врати на преговорите. Рекол дека Украина треба да се откаже од дел од Донбас и цел Крим. Украинскиот претседател Володимир Зеленски е против и ги спореди неговите погледи со погледите на нацистичка Германија во 1938-ма година. Тој повика на преговори во рок од два месеци.
Зеленски е спремен да се сретне со рускиот колега Владимир Путин, но прво бара руската војска да се врати на позициите како пред 24 февруари кога почна инвазијата.